Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи денеска во Исламабад се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир, во услови на обновен притисок за оживување на застојните мировни преговори меѓу САД и Иран и враќање на двете страни на преговарачка маса.
Иранска делегација предводена од Арагчи го посети фелдмаршалот Мунир, а на состанокот присуствуваа и министерот за внатрешни работи и советникот за национална безбедност на Пакистан, соопштија пакистанскте власти.
Арагчи, кој слета во Исламабад околу полноќ, треба да се сретне и со премиерот Шехбаз Шариф.
Иранскиот министер ќе „разговара за најновите регионални случувања, како и за тековните напори за регионален мир и стабилност“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Иран.
Пакистански безбедносни извори изјавија дека Арагчи дошол со одговор на американските предлози пренесени за време на тридневната посета на Мунир на Техеран минатата недела.
Пакистан посредуваше меѓу двете страни и претходно овој месец беше домаќин на ирански и американски делегации, вклучувајќи го и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, за првата рунда директни разговори со цел да се стави крај на војната што ја започнаа САД и Израел на 28 февруари.
Белата куќа вчера соопшти дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе патуваат во Исламабад на разговори со ирански претставници, но не е јасно дали ќе се сретнат со Арагчи откако Иран ја отфрли можноста за директни преговори.
Вашингтон сигнализираше дека е подготвен за нова рунда разговори со иранските преговарачи, откако директниот состанок меѓу двете страни што се одржа во Исламабад претходно овој месец не даде резултати.
Сепак, Иран досега го одбива одржувањето на втора рунда разговори, поради постојаните тензии околу Ормуската Теснина и напаетнувањето на услови од страна на САД.
МИА
Ново на Сител
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
