ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД денеска нема да биде потпишан, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека неговото инсистирање на овој рок врши притисок врз иранскиот преговарачки тим.
Револуционерната гарда на својот канал на Телеграм изјави дека „необичното инсистирање“ на Трамп договорот да биде потпишан во недела, 14 јуни, претставува „тест за иранскиот преговарачки тим“, пренесува Скај њуз.
Во соопштението се нагласува дека изјавите на Трамп дојдоа и покрај фактот дека иранските преговарачи, како што е наведено, „експлицитно објавија дека меморандумот сè уште не е финализиран и дека потпишувањето во недела сигурно нема да се случи“.
Иранската револуционерна гарда, исто така, оцени дека Трамп сакал евентуалното потпишување на договорот да биде поврзано со неговиот роденден на 14 јуни, тврдејќи дека американскиот претседател се обидува да го претвори настанот во „личен промотивен спектакл“.
Трамп претходно вчера објави дека очекува договорот меѓу Вашингтон и Техеран да биде потпишан денес и изјави дека договорот треба да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје.
Истовремено, тој предупреди дека САД имаат „крајна алтернатива“ доколку дипломатскиот процес не успее
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
