Македонија
30. March 2026 - 15:32

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол

На 29 март 2026 година во 16:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром е пронајдено безживотно тело на 38-годишниот М.К. од Скопје. Во негова близина бил пронајден и пиштол, а лекар констатирал смрт на лицето.

Според информациите, тој бил пријавен за исчезнат на 3 март 2026 година, откако се оддалечил од својот дом.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.