Македонија
18. August 2023 - 16:46

Испринтани подготвителни материјали, учебници ќе стасаат во тек на првото полугодие, вели Шаќири

Сите учебници ќе бидат доставени на први септември освен за 3то и 6то одделенците. Министерот кој првично уверуваше дека ќе се доцни само 20тина дена со нив, сега вели учебниците ќе ги добијат во текот на првото полугодие, без да прецизира до кога учениците ќе учат од скрипти.

Наместо книги доставени се подготвителни материјали во електронска форма. Шаќири тврди печатењето не зависи само од МОН бидејќи во прашање биле жалбени постапки на авторите. 

Летниот распуст не бил доволен период за да се направат потребните измени во учебникот по историја за 5то одделние. Шаќири не кажа кога ќе бидат завршени корекциите.

Министерот не ги негира обвинувањата од опозицијата дека се носат избрзани реформи во образованието поради што истите проблеми се повторуваат секоја година. Ги повика да земат учество во корекции за новите програми. Не отстапува од процесот на дигитализација и уверува дека оваа година ќе имаат многу повеќе пари за да ја подобрат дигиталната инфраструктура, но очекува помош и од општините.