Истрага и мерка притвор од Обвинителство против неготинец, се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот
Обвинителство поведе истрага против неготинец, кој се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот и му се заканувал, информираа денеска од Јавното обвинителство.
- Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, појаснија од Обвинителството.
Според соопштението, кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство, се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра.
Во периодот од 4 до 18 септември, како што известија од Обвинителството, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
- Бидејќи постојат законските основи – опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштија од Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-
Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
-
Мицкоски на поставување камен-темелник за Дом за стари лица во Зрновци
-
Сончево и топло време, температури до 32 степена
-
Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
-
ЦУК: Локализиран пожарот во Батинци, не претставува закана за жителите и околните објекти
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала