Истрага против дилер на марихуана во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кога ги забележал полициските службеници, тој веднаш се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дрогата, фрлајќи ја во двор од ненаселена куќа. Полицајците ја обезбедиле дрогата, а потоа го фатиле и осомничениот. Тој извесно време давал активен отпор и се обидувал да избега, но бил совладан.
Поради опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да му биде определена мерка притвор, соопшти обвинителстото.
МИА
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување