Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра

Во Србија, само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра, додека глобално 37 проценти од испитаниците веруваат во тоа, според анкетата на меѓународната асоцијација „Галуп Интернешнл“, која оваа година опфати 60 земји и територии и повеќе од 59.000 испитаници.
Во Србија, 38 проценти од испитаниците очекуваат полоша година, 34 отсто анкетирани очекуваат дека ситуацијата нема да се промени, објавува „Галуп“ и додава дека песимизмот е уште поизразен кај мнозинството од нејзините соседи.
Речиси половина од српските граѓани, или 49 проценти, очекуваат економски тешкотии во наредната година, додека само една петтина очекува дека наредната година ќе биде подобра за економијата.
Кога станува збор за глобалната стабилност, речиси половина од српските граѓани очекуваат следната година да биде попроблематична - 46 проценти, а само една петтина очекуваат помирен период.
Во резултатите од глобалното истражување, 37 проценти од испитаниците веруваат дека 2026 година ќе биде подобра, една четвртина очекуваат да биде полоша, а речиси една третина дека ситуацијата ќе остане иста.
Оптимизмот е на највисоко ниво во Кенија, каде што 78 проценти од испитаниците сметаат дека ќе биде подобро, наведува Галуп. Од 60 земји вклучени во истражувањето, 40 имаат позитивен индекс, односно преовладуваат луѓе кои очекуваат подобра година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
