Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година

Повеќе од 388 милиони христијани низ светот се соочиле со тежок прогон и дискриминација поради својата вера во 2025 година, покажува годишниот извештај на невладината организација Опен Дорс (Open Doors), објавен денеска во Париз.
Директорот на организацијата за Франција и Белгија, Давид Хамерлин, истакна дека ова е зголемување за осум милиони луѓе во споредба со 2024 година, оценувајќи ја состојбата како „рекордно критична“.
Тој појасни дека оваа бројка не значи дека сите тие луѓе се директно нападнати, туку дека живеат во средини каде владее екстремен прогон. Овие податоци делумно се совпаѓаат со процените на католичката организација „Aid to the Church in Need“, која наведува дека 413 милиони христијани живеат во земји каде не се почитува верската слобода.
Во периодот од октомври 2024 до септември 2025 година, регистрирани се 4.849 убиства на христијани, 4.712 притвори и 3.632 напади врз цркви. Дополнително, 22.702 лица биле принудени да ги напуштат своите домови, а забележани се и над 4.000 случаи на сексуално насилство.
На врвот на листата по опасност останува Северна Кореја, каде верувањето во Бог се третира како предавство на режимот, а по неа следуваат Сомалија и Јемен. Субсахарска Африка е посочена како најсмртоносен регион, каде се случиле речиси 90 отсто од убиствата. Индија, пак, предничи по бројот на притворени христијани (2.192 лица) врз основа на локалните закони против промена на верата, додека Сирија забележа остар скок на листата, искачувајќи се од 18-то на 6-то место.
Невладината организација ја брани својата методологија, нагласувајќи дека во извештајот се вклучени само случаи каде со сигурност е утврдено дека мотивот за насилството е верски, а не политички или економски.
– Одбиваме каква било политичка манипулација со нашето истражување, но стоиме зад нашите бројки кои се јавно достапни, заклучи Хамерлин.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
