Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Италија и Германија наводно се заканиле дека ќе се повлечат од „Евросонг“, доколку на Израел му биде забрането учество. Прашањето се дискутира на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) – организаторот на музичкиот натпревар.
ЕБУ го почна своето 94. Генерално собрание минатата недела. Меѓу главните теми на дискусијата е и влијанието на глобалната политика врз „Евровизија“, особено учеството на Израел. Натамошното учество на оваа земја на натпреварот е во средиштето на многу разговори и протести последниве две години, поради војната против Палестинците. Во разговор за „Ен-12 њуз“ (N12News), поранешниот член на израелската делегација на „Евровизија“, Амир Алон тврди дека јавните радиодифузери на Италија и Германија се заканиле дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар доколку Израел биде исклучен без јасни законски и правни основи за тоа – истите аргументи што самата Израелска радиодифузна корпорација (КАН) го користи во своја одбрана.
Во рамките на натпреварот почнуваат да се формираат два табора, бидејќи земјите што го поддржуваат континуираното учество на Израел почнуваат отворено да ги изразуваат своите ставови. Така, две од петте земји од „Големата петка“, Италија и Германија, наводно, инсистираат дека нема да толерираат отстранување на Израел.
КАН тврди дека целосно ги почитува прописите на ЕБУ и ја нагласува својата уредничка независност од израелската влада. Оваа поента беше потврдена од самата ЕБУ во официјална изјава по нејзиното последно Генерално собрание. Овој став го разликува случајот на Израел од случајот на Русија и Белорусија, чии јавни радиодифузери се сметаат за пропагандни алатки на тамошните власти.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
