Македонија
9. December 2016 - 18:42

Иванов: Фер избори з акрај на кризата

На 11 декември да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните, да ставиме крај на политичката криза и да стартува нов почеток на на национално помирување. Претседателот Иванов во своето јавно обраќање на еден ден до изброите побара да се почитуваат уставот законите. 

Ги повикувам сите кои се вклучени во изборниот процес да покажат достојно ниво на политичка култура и да го почитуваат Уставот и законите на Република Македонија.

Ги повикувам надлежните институции задолжени за регуларноста на изборниот процес да дејствуваат согласно законските норми и правила. Да не подлежат на никакви притисоци и да немаат толеранција, ниту милост за оние, кои на каков било начин, ќе се обидат да го попречат, или нарушат изборниот процес.

 Како држава, не смееме да дозволиме да има ниту еден аргумент за оспорување и дискредитирање на изборниот процес.

Во демократска атмосфера, како што доликува на една демократска земја, очекувам на 11 декември едногласно да биде поздравена и признаена волјата награѓаните, која ќе го означи почетокот на крајот на политичката криза и ќе претставува почеток на национално помирување во Република Македонија, вели Иванов.

Претседателот Иванов ги повика граѓаните да го остварат своето право и да ја исполнат граѓанската должност, да гласаат по сопствено убедување и да ја дадат довербата на политичката партија и опција за која веруваат дека е најдобриот избор и за нив и за Република Македонија.