Иванов во посета на Египет
Не се само Европа и земјите од Блискиот исток и северниот брег на Африка силно е погоден од бегалската и мигрантска криза.
На првата официјална постета на македонски претседател на Египет Ѓорге Иванов и абдел Фатх Ал Сиси договорија зголемена соработка на безбедносните служби и размена на информации за соодветен одговор во борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам.
Меѓународен пристап на проблемот кој е закана за светот е заеднички став на двајцата претседатели.
Ал Сиси побара од меѓународните институции поддршка за сите земји кои се соочени со бегалската криза.
Египет и Македонија веќе дваесет години градат заеднички пријателски односи, но подобрувањето на соработката во областа на економијата, трговската размена и земјоделството дополнително ќе ги зацврстат веќе поставените темели за што денеска беше потпишан и договор за соработка во земјоделството. Иванов во Каиро оствари средба и со претседателот на египетскиот парламент- Али Абдел Ал на која беа потврдени пријателските односи помеѓу двете земји, а оддаде почит и пред споменикот на покојниот египетски претседател Анвар Садат.
Новиот период во градење на односите Иванов го гледа токму во подобрувањето на економската соработка. Токму за таа цел утре овде во Каиро се одржува бизнис форум на кој на бизнисмњните од египет ќе им бидат претставени поволнаотите за инвестирање во македонија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
