Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот „Macedonian Open“. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата.
Секако за одбележување беше настапот на турнирот во Опатија кога преку квалификациите (три кола) успеа да стигне до финалето што значи дека одигра осум мечеви и забележа седум победи. Но, настапот во Скопје пред домашната публика е секако мотив за добар резултат. Тениската и спортска публика секако ги памети мечевите кога Ивановски пред две години триумфираше на фјучрс турнир во Скопје.
Во првото коло Ивановски за ривал го има хрватскиот тенисер Мили Пољичак, осми носител, кој во 2022 година беше победник на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Мечот ќе се игра утре (вторник).
– Драго ми е што пак сум тука, што ќе играм во Скопје. Секако чест и задоволство е да се игра пред домашната публика. Добро се познавам со мојот утрешен ривал Пољичак, тренираме во ист клуб. Што се однесува до подготвеноста, сметам дека добро сум подготвен, но едно знам дека утре ќе има добар тенис, изјави Калин Ивановски на денешната прес конференција.
Ивановски е единствениот македонски тенисер во главниот турнир, додека четири играчи беа елиминирани во првото коло од квалификациите. Во конкуренција на двојки Ивановски ќе игра со Берк Бугариќ (настапија заедно и во 2023 година), а Амар Хусеиновиќ ќе настапи заедно со Стефан Латино.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
