Македонија
4. August 2026 - 19:52

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите

И покрај бактеријата во водоводната мрежа во Гостивар, водата смее да се користи за капење и како техничка вода, но забраната за пиење се уште важи. Иако изјавите на надлежните беа дека бактеријата може да предизвика инфекции на кожата, очите, ушите, уринарниот тракт, сепак по денешниот Главен штаб за кризи соопштија дека е безбедна за техничка употреба.

За питка вода, најави се уште нема. Ќе се чекаат три последователни тестови кои ќе потврдат отсуство на бактерии. Министерот за внатрешни работи апелираше граѓаните да ги истекувават чешмите во домовите. 

Станува збор за бактеријата Pseudomonas aeruginosa која се појавува во застоена вода. Во следниот период почесто ќе се мери квалитетот на водата од различни точки и хиперхлорирањето продолжува. 

Во Гостивар нема питка вода речиси три недели, односно од 17 јули, додека водата како техничка смеат да ја користат од пред една недела.