Македонија
10. May 2020 - 16:56

ИВЗ не отстапува од отворање на џамиите, усвои мерки за однесување на верниците

Државата да изготви мерки за заштита при верските обреди а верниците истите да ги почитуваат најави заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи од Струга. По средбата со претставните на Кризниот штаб на која присуствуваа градоначалникот Мерко и претствници на МПЦ и ИВЗ во однос на Стушката литија посочи да престанат нападите врз верските заедници во вонредна ситуација додавајќи дека пропусти во државата има и во многу други сегменти од оштеството.

Османи најави дека исламската верска заедница не отстапува од намерата џамиите да се отворат на 12 мај за верниците но на молитва ќе се оди под посебни мерки за заштита од вирусот.

Стружани пак на став дека ги почитуваат препораките и барата олеснување на мерките.

Во однос на очекувањата за намалување на рестриктивните мерки Османи истакна дека одлуката ќе се носи согласно прецизно утврдените параметри а не според политичките калкулации.