Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
Избегната трагедија во Охрид, откако параглајдеристи паднаа на пешачка патека кај Студенчишта на која имаше и луѓе.
Според видеото кое се споделува на социјалните мрежи, леталото се приближувало опасно ниско над земјата, директно кон мајка и дете кои се движеле по патеката во последен момент, ја промениле насоката, но наместо безбедно да слетаат, завршиле удирајќи во електричната канделабра која се скршила и паднала на пешачката лента.
Неофицијално станува збор за двајца германски државјани кои полетале од месноста Баба.
- Во СВР Охрид до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на охридската полиција.
Инцидентот отвори сериозни прашања за безбедноста при ваквите активности во урбани и туристички зони. Добрите познавачи сметаат дека потребна е соодветна инфраструктура,обучени водичи но и план за справување со ризици.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
