Избори на 5 јуни се решение за кризата, а не одлуката на Иванов
Китаровиќ и Пахор еден по еден ги седнаа лидерите на ДУИ, ДПА и СДСМ на маса. Политичката криза била главна тема на разговорите во Александар Палас.
Два часа одвоија претседателите на Хрватска и Словенија да ги слушната ставовите на Ахмети, Тачи и Заев. Иако најавена, средбата со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ беше одложена.
Ахмети смета дека одлуката на Иванов не може да ја реши политичката криза, тој порача дека само избори на 5ти јуни може да стават крај на она што се случува на политичката сцена.
И Тачи не гледа крај на кризата по одлуката на претседателот Иванов, за лидеорт на СДСМ претседателите на двете пријателски земји можат само да помогнат во напорите за напредокот на земјата по европскиот пат.
Китаровиќ ги одбегана одговорите, својот став ќе го соопшти утре. Пахор пред камерите порача смао Среќно.
Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор пристигнаа во Македонија на покана на претседателот Иванов. Пред средбата со лидерите на политичките партии имаа трилатерална средба. Иванов покрај за состојбата со мигрантската криза, на неговите колеги им ги презентирал и причините поради кои ја донел денешната одлука. Претседателите утре ќе ја посетата јуќната граница и кампот Винојуг во Гевгелија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
