Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе ја вложат целата своја економска моќ за да обезбедат инвестиции и просперитет за Унгарија. Трамп ова го порача во контекст на изборната кампања на Виктор Орбан, кој ја има поддршката на Вашингтон.
-Мојата администрација е подготвена дa ja употреби целата економска моќ на Соединетите Држави за да ја зајакнеме унгарската економија, како што сме правеле за нашите големи сојузници во минатото, ако тоа им е потребно на премиерот Виктор Орбан и на унгарскиот народ. Подготвени сме да инвестираме во идниот просперитет кој што ќе се создаде под раководство на Орбан – порача претседателот Трамп.
Ова е втора негова порака во поддршка на Орбан објавена на само два дена пред изборите во Унгарија.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја посети Унгарија за лично да му изрази поддршка на Орбан, на изборите во кои Вашингтон е спротивставен со Брисел, од каде се укажува поддршка за опозициската партија Тиса на Петар Маѓар.
МИА
Ново на Сител
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
