Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош

Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош.
Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен простор со сува трева под манастирот во близина на патот во населбата Варош.
-Испративме две екипи со вкупно пет возила и 15-тина пожарникари. Голем проблем беше ветрот, но потоа ни помогна дождот во сузбивањето на оваа огнена стихија. Нема зафатено објекти, ниту други градби. Сепак нашите екипи остануваат дежурни на теренот, ни рече Стојчески.
Пожарот е изгаснат околу 17 часот. Според Стојчески, голем е сомнежот дека е намерно предизвикан за ветрот да го рашири.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
