Македонија
9. February 2026 - 10:16

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура.

Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

МИА