Изминатиот викенд приведени 13 лица за безобѕирно управување на возило, 1.402 сообраќајни прекршоци

За време на изминатиот викенд (03/04.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.402 издадени платни налози, 723 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои 12 за возење под дејство на алкохол и еден возач за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 165 прекршоци за неправилно паркирање, 103 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 53 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 54 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно
Законот за возила, 18 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Пензиите во април ќе се зголемат за 1.000 денари
-

Епископот Велички Никола е нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
