Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО

Израелски трупи ги уапсија активистите од едрилицата „Медлин“ кои тргнаа да достават помош во Појасот Газа, а активистите, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, ќе бидат испратени дома, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Израел објави видео на кое се гледаат притворените активисти, „безбедни и неповредени“, како ги придружува израелската морнарица до израелското пристаниште Ашдод, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти на Х дека активистите се неповредени.
Претходно, Министерството соопшти дека едрилицата „Медлин“ била одвлечена од израелската морнарица до израелските брегови, дека активистите ќе бидат депортирани, а помошта што ја превезуваа ќе биде испратена во Газа.
Дванаесет пропалестински активисти изјавија дека пловат кон Газа за да ја подигнат свеста и да достават помош.
Коалицијата на слободна флотила, која го организираше патувањето на едрилицата, соопшти дека контактот со неа е изгубен и оти израелската војска се качила на пловилото.
Ново на Сител
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
-

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
-

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
-

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени
-

АХВ спречи увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак.
-

Мицкоски и Тошковски на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел
-

Сончево, со мала до умерена облачност
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
