Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска излегуваат на парламентарни избори, први по нападот на палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година, на кои ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите укажуваат на неизвесна борба меѓу неговиот блок и опозицијата.
Избирачките места се отворени низ целата земја, околу 7,3 милиони граѓани имаат право на глас, а на изборите се кандидирани 35 партии.
Избирачките места се отворени од 7:00 до 22:00 часот по локално време, додека прелиминарните резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места.
Изборите се одржуваат во време на растечки меѓународни критики за војната во Газа, како и за насилството и проширувањето на еврејските населби во окупираниот Западен Брег под најдесничарската влада во историјата на Израел.
Резултатите ќе бидат внимателно следени и во странство во време кога Нетанјаху повторно ги засилува заканите против Иран, ризикувајќи продлабочување на регионалниот конфликт кој веќе има последици низ целиот свет, јавија француските медиуми.
Според најновите анкети на јавното мислење, коалицијата на Нетанјаху од десничарски и крајно десничарски партии и главниот опозициски блок Јашар, предводен од поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, се израмнети. Но, ниту еден од таборите не изгледа способен да освои мнозинство од 61 место во Кнесетот, што навестува долги преговори по изборите.
Израелските медиуми предвидуваат многу висока излезност на гласачите.
Десетици илјади Израелци кои живеат во странство се вратија во земјата за да гласаат.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
