Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан

Израелската армија ќе продолжи со операциите на територијата на „целиот Либан“ и ќе го засили притисокот врз либанската исламистичка група „Хезболах“, изјави армиски портпарол портпарол.
„Ги погодивме (јужните предградија на Бејрут) како одговор на континуираното гранатирање на ‘Хезболах’ врз градовите во северен Израел“, изјави генерал Ефи Дефрин.
Тој додаде дека израелските сили „ќе продолжат со операциите во Либан и нема да се дозволи продолжување на нападите врз цивили во Израел“.
Израелската армија соопшти дека Иран извршил неколку ракетни напади врз израелска територија, први по објавеното примирје на 8 април, при што биле истрелани 11 ракети.
„Иранскиот терористички режим направи голема грешка избирајќиго повторно патот на тероризмот“, изјави Дефрин.
Армијата предупреди дека е подготвена да одговори на Иран по одобрение од највисокото воено раководство, додека во меѓувреме се прави проценка на ситуацијата.
Иранските власти соопштија дека нападите биле „предупредување“ и дека секоја понатамошна ескалација ќе добие „посилен одговор“, пренесуваат агенциите.
По нападите, Иран го затвори воздушниот простор над западниот дел од земјата, а привремено и меѓународниот аеродром во Техеран.
Во Израел е најавено затворање на училиштата, додека Американската амбасада во Ерусалим им наложи на своите службеници и нивните семејства да се засолнат.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, одржал низа разговори со европски и регионални дипломати за последните случувања на Блискиот Исток, јавуваат иранските агенции.
МИА
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
