Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница ќе расправа за Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локална самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи и Законот за промет на експолозивни материи.
ДКСК ја почна антикорупциската проверка на законите по трагедијата со пожарот во Кочани, со цел, како што соопштија на 24 март годинава, да се овозможи откривање и спречување на потенцијални ризици од корупција при спроведување на соодветните постапки поврзани со издавање на одобренија и лиценци за работа, дозволи за работа на угостителски објекти, како и во делот на вршење надзор над истите.
На денешната 17. седница што ќе се одржи преку ZOOM комуникациската платформа членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на член 14 од Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
-

Седница на Економско-социјалниот совет
