-->
-->
ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-->

Обединетите нации ја повикаа Русија „веднаш да ги прекине“ нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, кои оставија цели градови во темнина и без греење, и потсетија дека „нападите врз цивилната инфраструктура се забранети со меѓународното право“.
„Синоќа, Русија повторно започна масовен напад врз енергетската инфраструктура низ цела Украина. Стотици илјади цивили се разбудија без електрична енергија и греење“, рече високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во момент кога Украина ја преживува најстудената зима во последните четири години.
„Нападите врз цивилната инфраструктура се забранети според меѓународното хуманитарно право. Ја повикувам Русија веднаш да ги прекине овие напади“, додаде Тирк.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
