Loading Video...
Свет
12. February 2026 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Европскиот парламент одобри пакет финансиски мерки за Украина, вклучувајќи заем од Европската Унија од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, измени во механизмот на ЕУ за Украина и амандман на повеќегодишната финансиска рамка за 2021 - 2027 година, така што буџетската резерва на ЕУ може да се користи како гаранција за заемот и за покривање на трошоците за опслужување на долгот. Поддршката за одбрана предвидува итни и големи јавни инвестиции за модернизација на одбранбената технолошка и индустриска база на Украина, како и поблиска интеграција со европската одбранбена индустрија.

Европската комисија ќе има права на следење и контрола, а Европскиот парламент и Советот ќе бидат редовно информирани за напредокот на имплементацијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив.

„Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија“, напиша Зеленски на Икс

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистирал да продолжат преговорите со Иран за нуклеарната програма на Техеран. Кабинетот на Нетанјаху пред состанокот соопшти дека израелскиот премиер сака тие разговори да вклучуваат и ограничувања на иранската програма за балистички ракети и поддршката на Техеран за екстремистички групи како што се Хамас и Хезболах.

Проблемите со поплавите во Португалија продолжуваат. Поплавениот град Монтемор-о-Велјо во регионот Коимбра, жителите имаат сериозни проблеми. Новите обилни дождови поплавија неколку рурални области оставајќи ги насипите во опасност од излевање околу средновековниот град Коимбра и принудувајќи ги властите да евакуираат околу 3.000 жители како мерка на претпазливост.

Ситуацијата би можела да се влоши, бидејќи дождот би можел да предизвика браната Агуеира, 35 км североисточно од Коимбра, „да се излее, и да предизвика понатамошни поплави“.

Серија бури ги погодија претежно централните и јужните делови на земјата поплавувајќи неколку градови и оставајќи стотици илјади без електрична енергија со денови. Најмалку 15 лица загинаа како последица на бурите, вклучувајќи и индиректни жртви.