Ја убил сопругата, па целиот крвав на Фејсбук во живо објавил страшна порака

40-годишниот Абу Марван е обвинет дека во местото Милакер, на југот на Германија, 37-годишната сопруга четири пати ја забодел со нож во врат, а потоа побегнал со едното од нивните деца.
Полицијата кратко потоа го уапсила, а во неговиот стан ја пронашла нивната малолетна ќерка.

Марван и неговата сопруга се развеле, а таа добила право на старателство над нивните три деца. Марван наводно рекол дека таа го исфрлила од куќата кога се обидел да ги поправи односите и повторно да го обедини семејството.
"Alarabiya.net" јавува дека мажот на пријателите на Фејсбук им кажал дека сака да прати порака до сите жени кои ги нервираат мажи се заканил: "Вака ќе заврши".

И Марван, и неговиот син ги повикале корисниците на социјалните мрежи да го споделат видеото за да го видат повеќе луѓе.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
