Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен

Откако ја повреди тетивата, Новак Ѓоковиќ беше принуден да му го предаде полуфиналниот меч на Австралија опен на Александар Зверев (Германија), а во текот на денот на социјалните мрежи испрати порака до својот ривал посакувајќи му среќа во неделното финале против Јаник Синер.
-Се обидов да се опоравам за денешниот натпревар, но можев да туркам само до одредена граница. Сепак, има позитиви кои можам да ги земам од овогодинешниот Австралија опен. Честитки за Александар Зверев за уште една Гренд слем титула, ти посакувам да ја освоиш титулата, затоа што ја заслужуваш пријателе, сподели Ѓоковиќ.
Зверев ќе се обиде да стигне до трофејот во своето трето Грен слем финале. Натпреварот со Синер е закажан за во недела од 09:00 часот на „Род Лејвер Арена“.
Зверев води во нивните дуели со 4:2, а Синер го доби последниот натпревар на Мастерсот во Синсинати – 2:1.
Ново на Сител
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
