Јакимовски: Многу важна победа, ова е еден чекор кон главната цел

Македонските кошаркари вечерва во Даблин ја постигнаа втората победа (88:76) во претквалификациите за Евробаскет 2029 во Даблин беше совладана Република Ирска.
- Ова е многу важна победа за нас. Натпреварот беше физички тежок, најважно е што останавме до крај како тим. Нашата хемија ни помогна и можам да кажам дека се боревме во текот на целите 40 минути. Имавме проблем со дефанзивниот скок, тоа не стави во ситуацијата во која бевме на стартот, но со некои детали, мали ситници, дојдовме до ептен важна победа. Си ја завршивме работата скоро 99%, но ни следат уште два дуела во февруари. Задоволен сум како одигравме, особено што бевме заедно краток период и немавме време да се спремиме во целост. Ги искористивме сите работи максимално и дојдовме до важни бодови. Се надевам дека во февруари пак ќе бидеме комплетни. Ова беше уште еден чекор кон главната цел, тоа е квалификациите за ЕП 2029, по дуелот изјави репрезентативецот Андреј Јакимовски.
Јакимовски денешниот дуел го заврши со 26 поени, а на теренот мина 37:45 минути.
МИА
Ново на Сител
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
