Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев утрово информираше дека зимската служба на подрачјето на општината работела до доцна во ноќните часови на расчистување на снегот од коловозите, со цел да обезбеди услови за побезбеден сообраќај.
-Зимската служба до доцна вечерта, континуирано вршеше посолување и одржување на повеќе патни правци со цел обезбедување побезбедни услови за сообраќај. Посолени се патните правци Страгово, Чемерско и Бохула, а дополнително беа опфатени и правците Бојанчиште и Витачево. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, напиша Јанчев на Фејсбук.
Тој додаде дека зимската служба и понатаму ќе биде на терен и ќе ја следи состојбата на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
