Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
Со кривична пријава до Обвинителството против поранешната обвинителка Вилма Русковска, Јане Ченто и осудените за настаните од 27 април ќе докажуваат дека процесот за 27 април бил монтиран.
Поседувале докази дека обвинителката ја попречувала правдата и со изјава заведена на нотар од клучен сведок дека лажно сведочел ќе докажуваат дека постоеле договори за насоките на постапката. Ако институциите не постапуваат, Ченто најави дека јавно ќе ги објават сите докази.
Поранешната обвинителка Русковска за Сител вели дека не очекува кривичната пријава да биде процесуирана бидејќи била неоснована. Според неа исказ на еден сведок, не може да ги побие материјалните докази.
Процесот бил политички монтиран од страна на претходната власт, оцени премиерот Мицкоски. Иако вели бил направен одреден прекршок за кој требало да се одговара, квалификацијата „тероризам“ е несоодветна.
За СДСМ и по девет години од настанот немало вистинска правда, наместо тоа се правела рехабилитација на учесниците во настаните.
Оценувајќи ја како неоснована, Апелација пред една недела ја отфрли жалбата на осудените за повторено судење. Во декемеври лани и Кривичниот суд ја отфрли нивната жалба со образложение дека нема законски простор за повторување на постапката.
Пред 9 години на 27 април по неколку месечна политичка криза и секојдневни протести се случи упадот во Собранието кога надвор од процедура беше избран претседател на Парламентот. Инволвираните кои се товареа за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, добија над 200 години вкупна затворска казна.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
