Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици

Приемот за учениците кои освоиле награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и Дамјан Давков кој освои златен медал на Европската математичка олимпијада, ќе биде организиран по завршување на тековните олимпијади, на гала прием во Вила „Водно“ заедно со претседателката на државата – како и што заслужуваат овие деца кои се гордост и иднина на нашата држава, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, Јаневска посочи дека државата во изминатиот период значително ја зголемила финансиската поддршка за талентираните ученици, нагласувајќи дека со измените направени од оваа Влада во 2025 година за првпат се воведе и можност за покривање на трошоците за учество на меѓународни натпревари – за котизација и пат за учениците и нивните ментори, што претходно не постоело.
- Досега исплатени се над пет милиони денари годинава. На две здруженија сме платиле –Сојуз на хемичари и Сојуз на физичари. Сите деца им бил покриен патот, сместувањето и на нивните ментори и на овие кои завршиле со натпреварите, веќе се исплатени, ќе биде исплатен и Дамјан Давков. Приемот ќе го направиме гала, така како што овие деца репрезенти, гордост и иднина на нашата држава и заслужуваат, заедно со Претседателката на држават во Вила „Водно“, каде што ќе бидам присутна и јас. Секогаш им доделуваме благодарници и дипломи, досега ниту едно дете не се пожалило – рече Јаневска.
Министерството за образование и наука, потсети Јаневска дека секоја година доделува и стипендии за талентирани ученици во областа на природните науки, спортисти и уметници од средните училишта, чиј месечниот износ е 3 500 денари за девет месеци.
- МОН доделува и еднократен надомест за ученици кои ќе освојат прво место на државен натпревар по било кој предмет организиран од акредитирани здруженија на наставници во висина од 50 проценти од просечната нето плата во земјата, што не постоело пред оваа Влада, како и еднократен паричен надоместок за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика, информатика и природни науки во висина од 100, 80 и 60 проценти од просечна нето плата во земјата во зависност од освоеното место. Се доделува и награда за освоен медал – златен, сребрен или бронзен за една од 15-те меѓународни научни олимпијади во висина од пет, четири или три просечни нето плати – ова е законско решение што го донесе оваа Влада – изјави Јаневска.
Таа, исто така, најави дека се работи на подготовка на концепција за откривање на работа со талентирани и надарени ученици, согласно странски искуства.
МИА
Ново на Сител
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
