Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието

Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, а по неколку години сите ќе се уверат дека овој закон ќе донесе успех, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната јавната дебата посветена на новото законско решение што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Во изјава за медиумите, министерката Јаневска потврди дека се што ќе биде аргументирано ќе биде прифатено и вградено во предложениот Закон за високо образование.
-Се што ќе биде аргументирано ќе биде прифатено затоа што Законот за високо образование е голем, пререгулиран, но работната група сметаше дека во овој момент така треба да остане додека го стабилизираме високото образование, а во иднина можеме да донесеме измени. Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, а по неколку години сите ќе се уверат дека овој закон ќе донесе успех. Препорачувам и други универзитети да се огледаат на Универзитетот УКЛО во образовната и во научно-истражувачката дејност, истакна министерката Јаневска.
Министерството за образование и наука во оваа фаза од јавната дебата воочило забелешки, а нуди и детални појаснувања за делови од Законот за високо образование.
-Во оваа фаза генерално се реагира на критериумите за избор, а тоа се бројот на трудовите кои треба да бидат објавени во базата за научни списанија. Имаше и реакции за некакво мешање на државата во автономијата на универзитетите, а тоа апсолутно не е точно. Ние не се мешаме во студиските програми, во методологијата и начинот на комуникација со студентите, но одредени тела кои сакаме да профункционираат, ќе овозможат отчетност на универзитетите кон државата бидејќи таа финансисира во нив. Дополнително нудиме нов модел на финансирање кој го побараа универзитетите, а тоа значи ако се успешни ќе добијат дополнителни средства, истакна министерката Јаневска.
Ректорот на УКЛО Битола Игор Неделковски ја поздрави иницијативата за донесување нов Закон за високо образование во земјава.
-Овие јавни дебати се историски чин затоа што досега никогаш немало отворена и широка јавна дебата, ниту се случило директно министер да ги сослуша забелешките на академскиот кадар. Ние како Универзитет секогаш сме на страната на квалитетот и ја поздравуваме иницијативата за донесување нов Закон за високо образование и предлагаме дополнувања поврзани со докторските студии. Ние не се плашиме од формирањето на Совет на универзитетите кој ќе биде задолжен за контролирање на финансиите и во таа смисла добро е што ќе има такво тело кое ќе го потврдува домаќинското трошење на средствата како што тоа ние го правиме. Исто така ја поздравуваме можноста што ја дава законот за заедничка диплома која ние можеме да ја остваруваме преку Европската Алијанса на универзитетите Колорс, истакна ректорот Неделковски.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола очекува да заврши владината процедура и македонското Собрание да донесе одлука со која на УКЛО ќе стартува новиот Факултет за здравствени науки.
МИА
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
