Македонија
28. December 2025 - 16:23

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија

Првите луѓе на јавните комунални претпријатија на заеднички со станок во организација на АДКОМ, побараа итни измени во Законот за јавни претпријатија или носење на целосно нов Закон. Законот е донесен пред скоро 3 децении, во меѓувреме е надополнет со нови законски и подзаконски акти, но во пракса не ги задоволува потребите за ефективно и ефикасно функционирање на овие правни субјекти.

- Пред се измени во систематизациите во ЈКП-ја, а со тоа и утврдување на вредноста на бодот и на самите плати на вработените во ЈКП-ја. Друг проблем со кој се соочуваме е сопстеноста на основните срдства. Исто и ова треба да биде влезено и да се прецизира со новите законски решенија, изјави Благој Миновски ,директор на ЈКП „Никола Карев“- Пробиштип.

- Инсталациите кои ги управувале месните заедници, дадени им се на стопанисување и управување на ЈКП-ја, но не им се дадени во нивна сопстеност. Тие водоснабдителни системи кои се веќе застарени, не влегуваат во пресметките на бизнис плановите кои ги доставуваме до Регулаторната комисија и не можеме да прикажеме трошоци за нивното одржување, изјави Андрејчо Грозадановски, директор на ЈКП „Петровец“.

Како резултат на постојната законска легислатива, претпријатијата трпат загуби, односно, цената на услугите не кореспендира со реалните трошоци. Тарифирањето на водните услуги го врши регулаторот, но се уште нема методологија за утврдување на цената за собирање и депонирање на отпадот.

- Сметаме дека што поскоро треба да се донесе унифицирана методологија за утврдување на цени за изнесување и депонирање на смет, бидејќи ЈКП-ја и до сега трпат големи финансиски загуби поради ниските цени на истите, изјави Дијана Давидосвки, директорка на ЈКП „Маврово“.

Крајната цел е да се добијат рентабилни и модерни комунални претпријатија кои ќе нудат квалитетни услуги кон крајните корисници.

- За да бидеме сервис на граѓаните и за да бидеме добри во тоа што го работиме, потребни се конкретни , точни и прецизни закоснки решенија, додаде Миновски.

Барањата и заклучоците АДКОМ ќе ги достави до надлежните институции, со очекување што поскоро да се отвори постапка за суштински законски измени кои ќе овозможат одржлив комунален систем во интерес на граѓаните.