ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Насилство“, откако, според досега обезбедените докази, на 16 септември во приватна ординација во рамки на поликлиниката „Букурешт“ физички нападнало лекар-гинеколог за време на извршување на неговите работни обврски.
Од Обвинителството информираа дека е донесена Наредба за спроведување истрага поради основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според наводите, тој упатувал закани и му нанел повеќе удари на лекарот, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите присутни во ординацијата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана осомничениот да му се приближува на оштетениот лекар и на ординацијата.
Станува збор за случајот со гинекологот Дејан Огненовиќ за кого од Лекарската комора претходно апелираа за брзо расчистување на околностите и соодветно санкционирање на сторителот, нагласувајќи дека насилството врз здравствени работници е неприфатливо.
МИА
Ново на Сител
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
