Македонија
8. February 2016 - 16:04

ЈО: Неколкумина осомничени за смртта на тамара ќе бидат повикани на распит

Несовесно работење во службата од страна на повеќе лица утврдила истрагата на обвинителството постапувајки по случајот за смртта на Тамара Димовска од Велес.

Случајот кој беше оформен по допрен глас се уште е во фаза на истрага. Скопското обвинителство, една година по смртта на Тамара информира дека сите осомничени во случајот се повикани да дадат изјава пред надлежен јавен обвинител. Во денешното соопштение се вели:

-Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.

По завршувањето на сослушувањето, инофрмираат од обвинителството ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

Случајот со смртта на малата Тамара предизвика бурни реакции во јавноста. 9 годишното девојче боледуваше од сколиоза. Семејството предоцна го доби позитивниот одговор за одобреното лекување во странство.