ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство

- На Ива Михајлова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство.
По бегството на Михајлова во Бугарија, која границата ја преминала нелегално, ЈОРСМ посочува дека надлежен јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои Обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа.
- На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 9.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, информира Јавното обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
