Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции
Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
-

Екологистите алармираат дека години наназад на потегот од Струга до Калишта се пустоши трската
-

Преглед на вестите од светот
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
