Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац денеска предупреди дека градот Газа може да биде уништен ако палестинската група Хамас не ги прифати условите на Израел, кои се подготвуваат за голема офанзива во областа.
Еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ѝ дозволи на армијата да го заземе градот Газа, Кац предупреди дека најголемиот град во енклавата може „да се претвори во Рафа или Бејт Ханун“, кои беа уништени претходно во војната.
-Портите на пеколот наскоро ќе се отворат над главите на убијците и силувачите на Хамас во Газа сè додека не ги прифатат условите на Израел за завршување на војната, напиша Кац на „X“.
Тој ги повтори барањата на Израел за прекин на огнот – ослободување на сите заложници и целосно разоружување на Хамас.
Хамас изјави дека ќе ги ослободи заложниците во замена за завршување на војната, но одбива да се разоружа без формирање на палестинска држава.
МИА
Ново на Сител
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки