Како да се сочува умерениот број килограми, но и здравјето по празниците
Традиционално, со празниците често пати доаѓа и вишокот килограми што потоа тешко се губат. Порталот „24 часа“ споделува неколку совети за „вкусен а здрав“ Божиќ.
Пред сѐ, првиот совет гласи: Не се седнува на маса прегладнет. Избегнувањето на дневните оброци на сметка на обврските, води кон обилна вечера и прејадување. Тоа, според стручњаците, воопшто не е здраво.
Натаму, не треба да се претерува ни со јаткастите плодови. Честопати ги јадеме и „несвесно“, а познато е оти тие се доста калорични и носат опасности.
Помалку алкохол, но не претерувајте ни со газираните пијалаци. Тие го отекуваат стомакот и создаваат непријатности. Потоа, се препорачува и помалку мрсно бело месо, наместо сочни шницли и колбаси, но и мајонез, крем и слични масни производи. Пржената храна, велат познавачите, е забранета. Наместо тоа, варената, обарената и печената закуска секогаш се подобар избор.
Околу облеката, треба да се избегнуваат тесни фустани и ремени што го притискаат стомакот.
Опуштете се. Стресот има негативно влијание врз варењето, а ако цела вечер се грижите дали гостите се среќни и нервозно трчате за другите да бидат задоволни, тоа ќе се одрази на Вашиот стомак и главата.
Следниот совет е: За да не дојде до оптоварување на црниот дроб, се јадат мали порции, а почесто во текот на денот. Доколку се прејадете со еден оброк, прескокнете го следниот.
Внимавајте и на висок холестерол. Тука се земаат во обѕир сирењата, месото, питите и колачите. Се препорачува бело месо, риба, зеленчук, како и повеќе јаболка, бидејќи тие се богати со пектин и го намалуваат лошиот холестерол во крвта.
Во случај на кардиоваскуларни проблеми, особено треба да се намали алкохолот, солената храна и мрсната храна. Ова важи и за луѓето со висок крвен притисок. Дури и прекумерните емоции за време на празниците претставуваат опасност за овие лица.
За крај: Дури и ако имате малку повеќе слободно време, не значи дека токму сега треба да се почне со понапорни вежби или интензивирање на постојната програма. Ова се денови кога вообичаено се претерува со храната, па тоа во спој со енергични спортови води кон премор за телото и бројни здравствени ризици и опасности.
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
