Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, денеска коментирајќи ги резултатите од среднорочните избори во САД, изјави дека американските гласачи јасно ја изразиле својата волја и изрази очекување дека новиот Конгрес и Сенат ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да го зголемуваат притисокот врз Русија.
Таа нагласи дека е важно европските и американските партнери да продолжат да дејствуваат заедно и да испраќаат јасни пораки до Русија за нивното единство.
– Заедно сме многу посилни, а исто така е важно овие пораки јасно да се пренесат до Русија, наведе Калас.
Во САД вчера се одржаа избори за Конгресот, на кои Демократската партија освои најмногу претставници во Сенатот и во Претставничкиот дом. Демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на среднорочните избори – 229 места во Претставничкиот дом, каде што републиканците освоија 163, а во Сенатот освоија 54 места, во споредба со 43 за републиканците. Демократските кандидати пак за гувернери победија во 26 сојузни држави, а републиканците во 20.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
-

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза
-

11 возачи приведени во изминатото деноноќие – Осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
