Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија

ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот.
Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. Главната цел е подигнување на јавната свест и унапредување на противпожарната култура кај граѓаните од сите возрасни групи.
Фокусот ќе биде ставен на заштитата на шумите и зелените површини во Скопје, вклучително и парк-шумите, парковите и туристичко-излетничките места во околината, како и спречување на пожари што можат да предизвикаат материјални штети.
Во рамки на кампањата ќе се делат едукативни флаери и постери, а во реализацијата ќе бидат вклучени и ученици од основните училишта во Скопје, кои ќе помогнат во информирањето на јавноста за превентивните мерки против пожари.
МИА
Ново на Сител
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
