Македонија
29. September 2021 - 16:42

Кандидатите за градоначалници на Скопје со нови ветувања за граѓаните

250 нови еколошки автобуси за побрз и еколошки јавен превоз најавува кандидатката Данела Арсовска. Таа најави ревидирање на сите отпочнати проекти и набавки од досегашниот градоначалник и вети дека ќе провери каде се трошени милионски суми од градската каса. Со правилно менаџирање Арсовска тврди дека бесплатниот превоз за сите граѓани е возможен и тоа по втората година од мандатот.

За 4 години од сега кандидатот Петре Шилегов ветува дека целосно ќе биде решен сообраќајниот хаос во главниот град. Мост со шест ленти, ротонди, булеварско поврзување, денивелација на Мавровка проекти со кои вели ќе се решат сите проблеми за нормално движење низ градот за наредните 50 години.

ИНТЕГРА ја презентираше платформата насловена „ИНВЕСТРА 2021“ и своите кандидати. Кандидатот за Скопје, Тодор Ношпал кој тие го поддржуваат најави еколошки проекти, мали соларни центри и едукација за животната средина.

Останатите кандидати за главниот град денеска немаа најавено активности дел од нив имаат средби со граѓани и помали собири.