Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа

Собранието денеска го усвои Законот за игрите на среќа и забавните игри, со 60 гласа „за“ и 20 „против“.
Со новите законски измени се предвидува дислокација на објектите за игри на среќа на најмалку 500 метри од основни и средни училишта, со цел намалување на нивната достапност за младите.
Законот воведува и значајни ограничувања во рекламирањето на оваа индустрија. Се укинуваат светлечките и агресивни реклами, а во иднина ќе биде дозволено само истакнување на називот на компанијата во строго ограничени димензии, без слогани и пораки кои сугерираат лесна заработка или успех.
Дополнително, се воведува задолжително дигитално следење на работењето на индустријата, вклучително и GPS поврзување на системите и пообемна контрола од страна на Управата за јавни приходи. Целта е поголема транспарентност и спречување на нелегално работење.
Ново на Сител
-

МВР: Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово
-

МВР: Три лица уасени и регистрирани 13 нарушувања на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме
-

Три лица затекнати со знамиња на „Голема Албанија“ во Скопје
-

Мајка и син приведени откако тој физички ја нападнал вонбрачната сопруга, а таа ѝ се заканувала
-

По повод Денот на албанското знаме, Ахмети и Џафери објавија фотографија пред карта на „Голема Албанија“
-

Товарно возило се излизга на патот Куманово–Свети Николе
-

Дваесет средношколски тимови денеска ќе се натпреваруваат за награда од еден милион денари
-

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот
