Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови

Главниот град на Украина денеска повторно е цел на руски напади со ракети и дронови, неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди на опасност од нов голем руски напад врз Киев.
Русија изврши масовен напад со ракети и дронови врз престолнината, објавуваат локалните медиуми. Според новинарите во Киев, во раните утрински часови низ целиот град се слушнале бројни експлозии.
„Ракети паѓаат една по друга. Колку што можам да избројам, имаше најмалку 10 до 12 експлозии. Во центарот на градот е прилично бучно“, изјави новинар на „Киев Индипендант“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека бил погоден неживеалишен објект во областа Оболон.
Во областа Подил биле погодени магацини, а новинарите на „Киев Индипендент“ известиле дека виделе пламен и чад.
Засега нема информации за обемот на материјалната штета.
МИА
Ново на Сител
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
