Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран

Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин „Дојран“. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП „Дојран“, од каде велат дека причина е огромниот број на возила за кои надлежните служби од грчка страна веќе немале капацитет да ги примат, па метежот се прелеал од македонската страна на границата.
- Застојот е на грчка страна, цело време сме во контакт со грчките служби од каде не известуваат дека се работи максимално со сите расположливи капацитети, но бидејќи веќе е исполнета и меѓуграничната зона колоната премина и на наша страна, и еве веќе стигна до црквата „Св. Илија“. Дополнителен проблем е што е преполно и на ГП „Богородица“, па многумина одлучуваат да заминат од таму и да дојдат навака, со што практично гужвата се прелева кај нас, велат од ГП „Дојран“.
Оттаму објаснуваат дека на почеток од неделата вообичаено имаат најголем сообраќаен метеж на граничните премини кон соседна Грција, бидејќи аранжманите за летување започнуваат од понеделник, но значително поголема е гужвата во последните две недели, односно на крајот од јули и почетокот на август. Причина за тоа е што најголем дел од граѓаните го користат овој период за своите годишни одмори.
МИА
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
