Кина испрати трет поморски сателит во вселената
Кина денеска испрати уште еден поморски сателит во вселената, објавија локалните медиуми.Нов сателит за мониторинг на море и океан е лансиран од Центарот за лансирање сателити од Џикуан, објави новинската агенција Ксинхуа.
Кинеската ракета „Лонг Марч-4Б“ го носеше сателитот Хаијанг-2С (HY-2C), кој полета околу 13,40 часот по локално време.Тоа е третиот кинески поморски сателит кој се приклучува на претходните сателити HY-2B „за да изврши исклучително прецизен мониторинг на морската околина“.
Всушност тоа беше и 347. лансирање од ракетната серија Лонг Марч. Кина минатата недела испрати најмалку девет сателити во вселената.
Сателитите од групата Џилин-1 Гаофен 03-1 полетаа од Жолтото Море. Кина исто така го испрати набљудувачкиот сателит Гаофен-11 02 во орбитата со лансирното возило „Лонг Марч-4Б“. Ќе се користи за мапирање како дел од амбициозната иницијатива на Кина наречена „Појасот и патот“.
Ново на Сител
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?