Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД

Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите.
Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек.
Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди Пекинг со авионски мотори и компоненти.
Претходно, Трамп изјави дека Кина се согласила да купи 200 авиони Боинг, но Пекинг не ја потврди бројката.
Кина и САД се договориле и за формирање совет за трговија и вложување, кој би бил задолжен и за царините.
Кинеските извештаи за средбата помеѓу Шји и Трамп се повоздржани од американските. Пекинг не соопшти детали за опсегот, вредноста ниту роковите на договорите.
Ново на Сител
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
