Кина вели дека претстојната средба Шји – Трамп – Путин е „историска“

Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“.
Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекинг.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен.
Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот.
Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји.
Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата.
Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина.
Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.
МИА
Ново на Сител
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
-

Заедничко одбележување на Германија и Франција во Прилеп: Темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување
-

Нов сомнителен случај на морбили, се чекаат резултатите од лабораториските анализи во ИЈЗ
-

ЕУ за „Стив Наумов“: Ако има дефекти, изведувачите мора да ги поправат, но и студентите да ги чуваат собите
-

Ана и Игор Дурловски на заеднички концерт: Два светски гласа – еден „Завет“
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
