Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
Во Кипар денеска се очекуваат рекордни температури до 45 степени Целзиусови, а властите отворија центри за разладување и воведоа целосна забрана за работа на отворено во најтоплите часови од денот.
Метеоролошката служба издаде црвен код за екстремна жештина во периодот од 11 до 17 часот. Општината Никозија најави дека центрите за разладување ќе работат на 13 и 14 август од 9 до 18 часот, нудејќи климатизирани простории и освежителни пијалоци.
Властите апелираат особено кон постарите лица и хронично болните да избегнуваат директно изложување на сонце. Паралелно, прогласен е и црвен аларм за ризик од шумски пожари, со предупредување дека предизвикување пожар е кривично дело со строги казни.
Инспекцијата за труд ја продолжи забраната за работа на отворено помеѓу 11 и 17 часот во внатрешните региони и на поголема надморска височина.
МИА
Ново на Сител
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“
-
Психијатар тврди дека Раде Трајковски – Штекли има шизофренија и не треба да му се суди
-
Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици
-
Трите големи банки ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, вели Славески